Крушево Workshop

Идејата и целта на “Krusevo Workshop”


Идејата и целта на “Krusevo Workshop” е почнувајќи од годинава, градот Крушево а особено Спомен куќата на Тоше Проески, да прерасне во регионален културен центар за едукација во областа на уметноста. Овогодинешното прво издание го почнуваме со workshop на нашата гитарска легенда Влатко Стефановски, а во годините што следуваат слични работилници ќе водат признаени и реномирани уметници од Македонија и светот. Работилниците се наменети за сите млади луѓе од регионот кои во Спомен куќата на Тоше Проески, ќе имаат ретка прилика и шанса да се запознаат, да научат или доусовршат од докажани “мајстори на својот занает“ во различни области на уметноста.

Услови за пријавување

Услови за пријавување за учество на работилницата:


Учеството на работилницата е бесплатно!

1. На работилницата може да се пријават сите заинтересирани гитаристи од Балканот и светот, кои имаат единствена шанса да се запознаат и да научат повеќе од најголемата гитарска легенда Влатко Стефановски по чија метода ќе се води оваа рабоитилница. Асистент на Влатко ќе биде познатиот македонски гитарист Христо Мулар од Крушево.
2. Работилницата ќе почне на 24 Јуни во 10:00 наутро, во Спомен куќата Тоше Проески. Работилницата ќе трае три дена од 24, 25 и 26 Јуни, секој ден во по две сесии дневно, претпладне и попладне.
3. Услов е основно познавање на гитарската техника, заради полесно следење, надградување и усовршување за време на работилницата.
4. Секој од учесниците задолжително треба со себе да си го носи својот персонален инструмент – гитара!
5. Патните трошоци до Крушево, трошоците за сместување и исхрана во Крушево се на товар на самите учесници!
6. Заинтересираните посетители треба да ја пополнат пријавата и да ја испратат до организаторот
7. Последниот ден од работилницата на платото пред Спомен куќата ќе се одржи заеднички концерт на Влатко Стефановски и сите учесници на работилницата.
8. Работилницата ќе биде документирана на видео запис (краток филм) што ќе биде поставен на Youtube каналот.
9. Линк од сместувачки капацитети во Крушево: vipmarket5.mk imoti.com.mk
10. Линк до возен ред на автобуси од Скопје до Крушево
11. Линк до фејсбук страната
12. Тел за информации: 3226 990 (од 9.00 – 17.00 ч.)
13. Организатори на работилницата: Министерство за Култура на Република Македонија и Трето Уво Скопје

Пријавувањето е завршено

Пријавувањето на првата гитарска работилница со Влатко Стефановски е завршено.
Ви благодариме за интересот!